Wednesday, October 26, 2011

ГОТСКО-ВАНДАЛСКИТЕ ВОЈНИ НА ЈУСТИНИЈАН 533-552 г.

Со Јустинијан дефинитивно завршува Доцната антика и започнува Раното средновековие. Тој бил роден во близината на Скопје, во селото Таор. Византискиот историчар Прокопиј – инаку учесник на Војната против Вандалите - сметал дека Јустинијан бил или од словенско или од илирско потекло. Тој дошол на престолот по смртта на вујко му Јустин I во 518 г. кој исто бил од негрчко потекло. Првата деценија ипол од Јустинијановата влада била во знакот на партиски превирања. Неговата верска политика била толку оспорувана, што предизвикала обединување на „сините“ и „зелените“ (десницата и левицата) против него. Јустинијан пружил отпор по наговор на царицата Теодора, која против партиските милитантни ја ангажирала војската на чело со Велизар. Освен овие проблеми, Византија била преокупирана со етнички прашања. На Дунав се’ повеќе притискале огромни маси на Словени, а не било решено во целост ниту германското прашање. Влијанието на Германите во византиската војска било сузбиено од страна на Зенон Исавриецот, ама источните Готи биле мошне присутни на Балканот. Остроготските чети на чело со Одоакар 476 г. влегле во Рим и го поништиле Западното римско царство. Визиготите господареле со Шпанија, Франките со Галија, а Вандалите со провинцијата Африка. Во 468 г., царот Лав I се обидел да го победи вандалскиот кнез Гајзерих, испраќајќи голема флота од илјада бродови, но неговата кампања доживеала фијаско.
Јустинијан одлучил да ги нападне Вандалите, откако кнезот Гелимер во 530 г. го соборил од тронот мирољубивиот Хилдерик. Експедицијата што во 533 г. ја предводел Велизар, според Прокопиј имала 18.000 души („Де бело Вандалико“) и за кратко време покажала голем успех. После истоварувањето во Тунис, дошло до првата поголема битка кај Ад Децимум и веднаш се видело дека Вандалите не се дораснати на модернизираната византиска војска. По неколкумесечно криење, Гелимер се предал и следната 534 г. бил донесен во Цариград, каде што јавно се одрекол од круната.
Опиен од изненадувачкиот триумф во северна Африка, Јустинијан помислил дека тој е божјиот избраник што треба да го ослободи целото Римско царство. Затоа, уште веднаш почнал да крои планови како да се справи со Остроготите во Италија. Веќе следната 535 г. била буџетирана нова кампања, која ќе се покаже далеку покомплицирана од онаа Вандалската. Главнината на поморските сили под Велизар била пратена на Сицилија, каде што и се истоварила. Наредната 536 г. византијците се префрлиле во Реџо Калабрија и започнале со борбите за либерализирање на варваризираните градови. Прв в шаки на Велизар му паднал Неапол, а кон крајот на годината и Рим, од каде бил истеран готскиот кнез Витигес. Арно ама, веќе идната пролет Остроготите го опседнале Вечниот град и започнала нова фаза во Готската војна. Ромејците успеале да ја заземат остроготската престолнина Равена, но Германите ги повлекле своите соплеменици од Балканот и се прегрупирале кај Милано. Под водство на својот нов крал Тотила, тие им нанеле серија значајни порази на византиците, повратувајќи ја речиси цела Италија. Причина за дефанзивноста на Велизар веројатно било и двоумењето на Јустинијан да му ја прати бараната помош. Имено, Јустинијан страхувал од популарноста на Велизар и затоа калкулирал дали и колку да му помогне. Тоа го искористиле Готите и со поткрепа на Франците, го зазеле Неапол 543 г. те го ставил под опсада Рим. Велизар правел се’ што можел да го спаси Вечниот град, ама воините на Тотила влегле во Рим и го опљачкале во 546 г.
Во критичниот миг, Јустинијан го повлекол Велизар од Апенините, за да го препрати во бој против иранските Сасаниди. На негово место го поставил војводата Нарцес, кој 551 г. добил наредба засекогаш да ги протера Готите од Италија. За таа цел му биле дадени преку 30 илјади војници, кои веќе истото лето се покажале надмоќни против Варварите. Во битките кај Сена Галика и Буста Галика, Нарцес остварил триумф, а самиот Тотила бил отепан. По победите и во Шпанија, Римското царство наново било обединето. Меѓутоа, цената на триумфот ќе се покаже превисока. Готската војна била Пировата победа на Јустинијан и тој оттогаш полека ја губи снагата.

Thursday, September 15, 2011

ГРЧКО-ПЕРСИСКИТЕ ВОЈНИ 490-448 г.п.н.е.

 Наследник на асирската политичка моќ во Предна и Мала Азија била силната Персиска империја. Во среднината на шестиот век п.н.е. царот Кир Постариот избил на Егејското море, освојувајѓи ги тамошните грчки колонии. Тоа послужило како отскочна даска кон Античка Грција и Балканот, за кои Персијците негувале посебни чувства. Штом дошол на власт, неговиот внук Дариј I, дедо на Александровиот противник, го зазел првиот грчки остров Самос. Са време на Дариевиот поход против руските Скити, неговиот војсководец Мегабаз навлегол во Тракија и Македонија. Како повод за војна со Елада на Дариј му послужило јонското востание, што во малоазиските полиси го поттикнала Атина. Војната започната 492 г.п.н.е. и со прекини траела речиси половина век. На една страна била силна унитарна држава, а не другата мноштво мали богати градски републики. Првиот налет на Персијците бил кус и бил ограничен на освојување на Македонија од страна на Дариевиот зет Мардониј, е опишан во „Историјата“ бр. VI на Херодот. Вториот налет започнал две години подоцна во 490 г.п.н.е. Персијците од Самос се префрлиле на Наксос и оттука се истовариле на полустровот Атика. До првиот сериозен копнен судир дошло на полето Маратон. На изненадување на персискиот командант Артаферн, атинската пошадија победила, а гласот за победата ја пренел познатиот Маратонец, кој истрчал 42 километри до градот и откако ја соопштил веста – паднал мртов.  Наредниот поход на Грција го извел Ксеркс 10 години подоцна, со далеку побројна војска. Нему му се спротивставил еден од најголемите политичари и војсководци што ги дала Античка Грција – Темистокле. Тој го створил Хеленскиот сојуз на чело со Атина, која што за прв пат можела да се пофали со своја јака копнена војска. Најпрочуена битка од оваа фаза на грчко-персиската војна е битката кај Термопили, во која спартанскиот крал Леонида до последен војник ја бранел клисурата низ која врвел друмот за јужен Елас. И денес кај Ламија постои споменик на тој крвав антички бој. Кога виделе дека персиската армија се доближува до градот, Атињаните комплетно го напуштиле мегалополисот, ама претходно, по совет на пророчиците во Делфи, ја зајакнале сопствената флота. Така, кога на Ксеркс конечно му успеало да се искачи на градскиот рид Ликабетос и да го види морето, пред очите му се укажала шокантна глетка. Крај блиската Саламина, грчкиот стратег Темистокле темелно ја ништел целокупната персиска флота, која допловила откај островот Евбеја. Ксеркс останал без морнарица, бидејќи истиот септемвриски ден и хеленскиот тиранин на Сиракуза Гелон ја тепал картагинската армада кај Химера. После оваа брилијантна победа, Атињаните прешле во офанзива. Следната 479 г. Ксеркс доживеал и пораз на копно во битките кај Платеја и Микала, во коишто дошла до израз супериорноста на грчкото оружје, оклоп и тактика. По ова, персијанскиот експанзионизам повеќе никогаш не и’ се заканил на Грција.  Поради се’ почестите неслагања со Спартанците, Атина 478 г. оформила нова јонска Делијанска лига. Неговиот челник Кимон набргу ги провратил малоазиските градови во Лидија и Карија. Потоа, тој отпловил преку Средоземното море за да му помогне на Египет во бунтот против Персија. Првично, му пошло од рака, во Мемфис на Нил, е заедно со Египќаните, да победи. Но четири години подоцна, во 455 г.п.н.е., бил поразен од страна на сатрапот Мегабаз. Последната битка во грчко-персиската војна се случила во 449, кога Кимон триумфирал на Кипар. Како главен резултат на тој епски судир на Медитеранот се смета сепарирањето меѓу Грција и Блискиот Исток, после неколкувековна плодотворна  интеракција. Во книгата „Greece: A Country Study“, во поглавјето Персиски војни, се донесува заклучок: „Најважниот резултат на Персиските војни  меѓу Грција и Блискиот Исток беше руптура на вибрантната културална зона која ја вклучуваше Феникија, Лидија, Египет и други култури од Блистокот. Бариерата нема да биде скршена се’ до средината на следниот век, а концептот на поделена Азија од Европа стана перманентен“ (с. 10). Истовремено, започнува Перикловото златно доба во кое Атина се преобразува во регионална империја.